Неделна прогноза за Куманово: Ноември доаѓа со над 20 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево, а во југозападните делови претпладне со умерена облачност.

Loading...

Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утрото ќе биде свежо, минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу шест степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 24 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се реконструираат фонтаните на плоштадот и кај Спортската сала (ВИДЕО)

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево време со мала облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу деветиот степен, а максималната дневна ќе достигне 22 степени целзиусови.

Среда носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални осум до максимални 20 степени целзиусови.

И во четврток ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата ќе се движи во интервал од минимални осум до максимални 19 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мотокултиваторите ќе се паркираат кај „Спомен Костурница“ и „Житомел“

 

Loading...

 

Петок носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југ и југостиок кој ќе достигне брзина и до 65 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната ќе достигне 20 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од осум степени во утринските часови до максимални 19 во текот на денот.

Недела носи претжено облчано време со услови за слаб дожд и малку сонце. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој ќе достигне брзина и до 50 километри на час. Температурата ќе се движи од минимални девет до максимални 20 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прекин на улично осветлување во дел од центарот на Куманово

 

 

Следната работна недела носи нешто пониски температури, но и натаму претежно суво време.

Loading...

Никола Ивановски