Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност поголема во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со комбинација од услови и за сонце, но и за слаб дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални пет степени до максимални 21.
Утре низ кумановско ќе имаме претжено сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.
Среда носи облачно време и врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу пет степени, а максималната дневна ќе достигне 14.
Сончево време ќе имаме во четврток кога ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од три степени во утринските часови до максимални 16 во текот на денот.
Претежно облачно време со мали услови за сонце, ќе биде времето во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, а температурата ќе се движи од утрински осум степени, до максимални 15 степени целзиусови во текот на денот.
Во сабота ќе имаме облачно време со умерен до засилен ветер од југоисточен правец која на моменти ќе достигне брзина и до 50 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу седум степени, а максималната дневна ќе достигне 15.
И во недела ќе биде облачно, но со слаб до умерен ветер од северен и северосисточен правец. Температурата ќе се движи во интервал од три до 11 степени целзиусови.
Слично време ќе се задржи и во текот на следната недела.
Никола Ивановски