Неделна прогноза за Куманово: Ќе продолжат ли ниските температури?

Сподели со своите пријатели

Утрото денеска низ Македонија ќе биде ведро, тивко и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -8, а максималната ќе достигне од -3 до 5 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Куманово денеска се разбуди на седум степени под нулата. Во текот на денот ќе имаме сончево, но студено време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утринската температура се движеше околу -7 степени, додека максималната дневна се очекува да да достигне три степени во позитива.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Во текот на ноќта температурата ќе се спушти до -11 степени целзиусови, поради што од страна на УХМР е издадено жолто предупредување за опасност од ниски температури.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево време со мала облачност и умерен до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе достигне пет степени целзиусови.

Среда носи претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од -1 степен во утринските часови до максимални шест во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Во четврток ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигне брзина и до 50 километри на час. Минималанта температура ќе се спушти околу нулата, а дневниот максимум ќе достигне до 8 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Сончево до умерено облачно време ќе имаме и во петок, кога ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигне брзина и над 50 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу еден степен во негатива, а дневниот максимум ќе достигне седум степени целзиусови.

Претежно сончево со мала облачност ќе биде времето во сабота. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални -3 до максимални осум степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Недела носи сончево време со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири степени во негатива, а максималната дневна се очекува да достигне шест степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски