Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд.
Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно, но релативно топло време.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.
Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за Куманово е издадено жолто метео предупредување за силен ветер.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 9 до максимални 19 степени целзиусови. Ноќта кон среда се очекуваат врнежи од дожд.
Во среда ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температрата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, а дневниот маскимум ќе достигне 17 степени целзиусови.
Облачно со врнежи од дожд ќе биде и во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 16 степени целзиусови.
И во петок ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а дневниот максимум ќе достигне 14 степени целзиусови.
Во сабота ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 6 степени, а дневната максимална ќе достигне 13 степени целзиусови.
Недела носи променливо облачно време со услови и за сонце и за дожд. Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер, а температурата ќе се движи меѓу 6 и 15 степени целзиусови.
Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски