Неделна прогноза за Куманово: Ќе имаме ли снег оваа седмица?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла.

Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од -4 степени целзиусови во утринските часови до максимални пет степени во текот на денот. Ноќта кон вторник во кумановско е можна појава на слаб снег.

Loading...

 

 

Утре ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.  утринската температура ќе се движи околу четири степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до третиот степен.

Слично време ќе имаме и в среда кога дневниот максимум ќе изнесува 4 степени целзиусови, но во текот на ноќта температурата ќе се спушти и до -9 степени целзиусови.

Претежно облачно време ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата ќе се движи од -5 во текот на утринските часови до максимални пет во текот на денот. Ноќта кон петок ќе бидат можни услови за замрзнат дожд.

 

Loading...

 

Во петок ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу -7 степени целзиусови, додека максималната дневна само ќе се искачи еден степен над нулата.

Стабилно, но релативно студено ќе биде за претстојниот викенд.

Во сабота ќе имаме облачно, но суво време. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до -6 степени целзиусови, а во негатива од два степени ќе остане и дневниот максимум.

Претежно сончево, но студено време ќе имаме в недела. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од -8 степени во раните утрински часови до максимални минус еден во текот на денот.

 

 

Loading...

Следната работна недела засега носи суво време, но со ниски температури, особено во утринските часови.

Никола Ивановски