Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, информираат од Управата за хидрометеоролшки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу пет степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 13 степени целзиусови.
Утре во кумановско ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до засилен ветер од север и северозапад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу петиот степен, а максималната дневна се очекува да се искачи до 12 степени целзиусови.
Среда носи облачно време, но без услови за дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу вториот степен, а максималната се очекува да достигне 16 степени целзиусови.
Во четврток ќе имаме сончево и потопло време со мала облачност во комбинација со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 8 степени во утринските часови до максимални 21 во текот на денот.
Велики Петок носи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 4 степени, а максималната ќе достигне 17 степени целзиусови.
Претежно облачно време со мали сончеви периоди ќе имаме во сабота кога ќе дува слаб ветер од југ и југоисток. Температурата ќе се движи од пет степени во утринските часови до максимални 18 во текот на денот.
На првиот ден од Велигден според сегашните најави ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од 6 степени во утринските часови до максимални 16 во текот на денот.
Врнежи од дожд ќе има и на вториот ден од велигден, односно во понеделник и скоро целата следна работна недела.
Никола Ивановски