Неделна прогноза за Куманово: Како ќе биде на првиот училиштен ден?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.

Попладне во северозападните планински подрачја е можна изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен вете род јужен и југоисточен правец.

Loading...

Температурата ќе се движи во интервал од 18 степени во утринските часови до максимални 35 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

За денеска за кумановскиот регион е издадено жолто предупредување за опасност од високи температури.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југ и југостиок. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени додека дневниот максимум се очекува да достигне до 30 степени целзиусови.

Во текот на ноќта кон среда се можни услови за слаба нестабилност со дожд и грмежи.

Среда носи претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југ и југозапад. Температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 28 степени целзусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре без струја поголем дел од Куманово и околината

Сончево и топло време ќе имаме и во четврток кога ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови, до максимлани 28 во текот на денот.

 

 

Во петок, на првиот училиштен ден ќе имаме сончево и топло време со умерен до умерено засилен ветер од север и северозапад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 27 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме повторно сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурта ќе се движи од минимални 13 до максимални 30 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косматац – Кумановско село кое го основале Черкезите

Претежно сончево и топло ќе биде и во недела кога ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 31 степен целзиусов.

 

Loading...

 

Следната работна недела носи за нијанса пониски температури и услови за дожд.

Никола Ивановски