Неделна прогноза за Куманово: Дожд, сонце и ниски утрински температури

Сподели со своите пријатели

Времето низ Македонија денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а температурата ќе се движи од минимални два до максимални 13 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу шестиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне до 11 степени целзиусови. Ноќта кон среда се очекуваат врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нерасчистени односи причина за престрелката во Куманово

Во среда ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од минимални пет до максимални 10 степени целзиусови.

Облачно со кратки сончеви периоди ќе биде во четврток кога ќе имаме повторно умерен до засилен ветер од север и северозапад. Утринската температура ќе се движи околу два степени, а мсималната дневна ќе достигне седум степени целизусови.

 

 

Loading...

Петок носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални два до максимални девет степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се обидел илегално да влезе во државата со производи без документација

Сабота носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток, а температурата ќе се движи меѓу минимални три и максимални 11 степени.

И во недел ќе имаме претежно сончево време со мала облачност у слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 11 степени целзиусови.

 

 

Слични температури ќе имаме и следната недела, но засега без најава за врнежи.

Никола Ивановски

Loading...