Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен, а во југоисточните делови југоисточен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од западен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу седум степени цезлиусови, а максималната дневна ќе достигне 24 степени.
Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време, но со услови за зголемување на облачноста и нестабилност проследена со дожд и грмежи во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северн односно севорзападен правец Температурата ќе биде во интервал од 8 степени во утринските часови, до максимални 24 во текот на денот.
Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од северн односно севорзападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, а максималната днева ќе достигне 25 степени целзиусови.
Сончево и топло време ќе имаме в четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе достигне високи 27 степени целзиусови.
Во петок се очекува дестабилизација на временската состојба. Ќе имаме променливо облачно време со сонце, но и со услови за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 12 степени во утринските часови до максимални 28 во текот на денот.
Во сабота ќе имаме променливо облачно време со мешавина од сонце, но и дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигне и брзина од 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна ќе достигне 24 степени целзиусови.
Недела носи сончево до умерено облачно време, но дождот ќе престане. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, додека максималната дневна ќе достигне 23 степени целзиусови.
Слично време, со нешто пониски температури од оваа недела, се очекува и во текот на следната.
Никола Ивановски