Неделна прогноза за Куманово: Денеска ветер и до 70 километри на час

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни (над 20 l/m 2 ), проследени со појава на грмежи.

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време, со врнежи од дожд особено попладне и во вечерните часови.

Loading...

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен и југоисточен правец, кој на моменти ќе достигне брзина и до 70 километри на час. Поради тоа од страна на УХМР за регионот на Куманово е издадено жолто метео предупредување за опасност од силен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нормализиран сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка

Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 16 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 14 степени целзиусови.

Среда носи претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 5 до максимални 13 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од северен и северозапден правец. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени целзиусови, а максималната се очекува да достигне 12 степени.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од пруга, стрништа и приватен имот изгореле во пожарот во Агино село

 

 

Делумно сончево време ќе имаме во петок кога ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу тру степени, а максималната дневна ќе достигне 15 степени.

Сончево до умерено облачно време ќе имаме во сабота кога ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ветер.  Утринската температура ќе се движи околу 5 степени, а максималната ќе достигне високи 18 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 4 до максимални 18 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Се враќаат ли високите температури?

 

Loading...

 

Вториот дел од следната работна недела носи повторно врнежи од дожд.

Никола Ивановски