Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени.
Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време.
Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 27 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна ќе достигне 31 степен целзиусов.
Четврток исто така носи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 13 до максимални 29 степени целзиусови.
Претежно сончево и топло време со мала облачност ќе имаме и во петок кога ќе дува слаб до умерен северен и североисточен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум ќе достигне 30 степени.
Во сабота ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 31 степен.
Недела исто така носи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални 14 до максимални 31 степен целзиусов.
Слични температури ќе се задрижат и во текот на следната недела, со услови за неколку врнежливи денови.
Никола Ивановски