Неделна прогноза за Куманово: Цела седмица со дожд и грмотевици!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе има и услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Максималните температури ширум земјата ќе се движат од 23 до 31 степен целзиусов.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд проследени со грмотевици. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Температурата денеска низ кумановско ќе биде во интервал од 13 степени во утринските часови, до максимални 22 во текот на денот.

 

Loading...

 

Слично ќе биде и утре кога повторно ќе имаме променливо облачно време со услови за врнежи од дожд и електрични празнења. Температурата во утринските часови ќе изнесува 12 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 24.

Според прогнозите в среда нема да имаме врнежи, туку сончево до умерено облачно време. температурата ќе биде за еден степен повисока, односно ќе достигне 25 степени целзиусови.

Сепак веќе в четврток се очекува да продолжат условите за врнежи од дожд и електрични празнења. Минималната температура ќе изнесува 12 степени, а максималната дневна 25.

 

 

Loading...

И во петок нема да куртулиме од врнежите и грмежите. Максималната дневна температура ќе биде за два степени пониска, а утринската ќе остане непроменета.

Од дождот ќе здивнеме дури викендот што следува.

В сабота ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но без дожд. Температурата ќе се движи од 12 степени во утринските часови до максимални 24 во текот на денот.

Слично време ќе имаме и во недела кога температурните вредности нема да се променат, но ќе имаме повеќе сонце.

 

 

Нови врнежи од дожд ќе има на почетокот на следната работна недела, но потоа ќе се задржи тренд на стабилизирање на времето, иако без значителен пораст на температурите.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply