Неделна прогноза за Куманово: Благ пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Во попладневните часови се очекува наоблачување што може да донесе поројни врнежи од дожд и силни електрични празнења.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе биде во интервал од 15 степени во утринските часови до максимални 32 во текот на денот.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

Среда носи благ пад на температурата. Во претпладневните часови ќе имаме сончево време, а во попладневните се очекува нестабилност проследена со врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе достигне 24 степени целзиусови.

Сончево претпладне со нестабилност проследена со грмежи и врнежи ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 14 степени во утринските часови до максимални 25 во текот на денот.

 

Loading...

 

Слично време ќе имаме и во петок. Повторно претежно сончево претпладне, со услови за нестабилност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 24 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме сончево и стабилно време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 25 во текот на денот.

Слично време ќе имаме и в недела со благ пораст на температурите. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 27 степени целзиусови.

 

 

Следната работна недела ќе биде сончева и топла со температури над 30 степени целзиусови.

Loading...

Никола Ивановски