Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Попладне, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и ситен град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време во претпладневните часови.
Попладне се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе нестабилност проследена со врнежи од дожд и електрични празнења.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, додека дневниот максимум ќе достигне 19 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со услови за дожд и грмотевици во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозапад. Утринската температура ќе се движи околу седмиот степен, а максималната дневна ќе изнесува 17 степени целзиусови.
Среда носи променливо облачно време повторно со слаби услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој на моменти ќе достигне брзина од околу 50 километри на час. Температурата ќе биде во интервал од од пет степени во утринските часови до максимални 13 во текот на денот.
Сончево до умерено облачно време ќе имаме во четврток кога ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу вториот степен, а дневниот максимум ќе се искачи до 16 степени целзиусови.
Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од север и северозапад. Температурата ќе биде во интервал од минимални три до максимални 19 степени целзиусови.
Облачно време со врнежи од дожд ќе имаме на првиот ден од новиот продолжен викенд, односно во сабота. Ќе дува сла до умерен ветер од западен и северозападен правец. температурата во утринските часови ќе се движи околу седмиот степен, додека дневниот максимум се очекува да достигне 20 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина од околу 50 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу осмиот степен, а дневниот максимум ќе достигне 20 степени целзиусови.
Услови за врнежи ќе има е за први мај, а ќе продолжат и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски