Неделна прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 21 степен. Во текот на ноќта кон вторник се очекуваат врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, односно северозападен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 11 степени во утринските часови, до максимални 15 во текот на денот.

Среда носи променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, но и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 17 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 18 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

 

 

Loading...

Во петок ќе имаме променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, но и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, односно југозапад. Температурата ќе биде во интервал од 8 степени во утринските часови, до максимални 17 во текот на денот.

Сабота носи сончево и суво време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околи 8 степени, а максималната дневна ќе достигне до 19.

Сончево време ќе имаме и во недела кога дневниот максимум се очекува да достигне до 21 степен.

 

 

Сончево и суво време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Никола Ивановски

Loading...