Неделна прогноза за Куманово: 2023 ја испраќаме со пролетни температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала облачност, претежно тивко и релативно топло.

Loading...

Претпладне по котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намали, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и релативно топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, додека дневниот максимум се очекува да достигне 13 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Претежно сончево и топло со мала облачност ќе биде времето и утре, кога ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен во позитива, а максималната дневна ќе се искачи до 12 степени целзиусови.

Среда носи променливо облачно, но и натаму значително топло време за овој период од годината. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални -1 до максимални 12 степени.

И четврток носи сончево и релативно топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна ќе достигне 11 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Петок носи претежно облачно време со малку сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната ќе достигне 11 степени целзиусови.

Претпоследниот ден годината, сабота, носи облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи во интервал од утрински 2 до максимални 9 степени целзиусови во текот на денот.

Последниот ден од 2023 година носи облачно време со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурите ќе бидат во интервал од минимални 4 до максимални 10 степени целзиусови.

 

 

Според сегашната прогноза, новата година од понеделник ќе ни донесе дожд.

Loading...

Никола Ивановски