Сообраќајната полиција во текот на изминатата недела на подрачјето на Куманово изрекла вкупно 128 казни, од кои најмногу за брзо возење, возење под дејство на алкохол или без возачка дозвола.
– Во текот на изминатата недела СВР Куманово продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 30 санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрираност, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Полицијата казнила и 17 возачи кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин.
Акциските контроли, велат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.
Никола Ивановски