Неделава обилни врнежи од дожд, па заладување

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минамалните температури ќе се движат од 10 до 19, а максималните ќе бидат во интервал од 28 до 38 степени. УВ зраќењето ќе биде високо, со коефициент 9.

И во вторник се уште ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во северните и западните делови.

Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат кон крајот на денот. Ќе дува засилен западен, а доцна попладне северозападен ветер, што ќе услови значително намалување на температурата.

Од четврток времето ќе биде стабилно, но посвежо.

Image by Pexels from Pixabay

Leave a Reply