Недела на пеколни горештини низ северната хемисфера, Европа особено погодена

Сподели со своите пријатели

На северната хемисфера започна уште една недела со големи горештини, при што се очекува температурите во Европа да надминат 40 целзиусови степени во Италија и предупредувањата за топлотни бранови во Шпанија, додека разорните пожари продолжуваат да горат во Канада и Калифорнија.

Loading...

До 48 степени се очекуваат на почетокот на неделата на Сардинија, медитерански остров западно од италијанската чизма.

Во Шпанија, каде претстои непријатна недела, метеоролошката агенција издаде портокалово предупредување за понеделник.

Таа предупреди на температури од 38 до 42 целзиусови степени во големи области на полуостровот и на Балеарските острови.

Црвено предупредување со температури од 42 до 44 степени е издадено за понеделник за регионот Андалузија, а за вторник за Арагон, Каталонија и Мајорка.

Последиците од високите температури веќе се чувствуваат на Канарските острови, на островот Ла Палма, каде викендов пожар опустоши 5.000 хектари, а околу четири илјади луѓе мораа да бидат евакуирани.

Во Европа, каде според експертите глобалното затоплување напредува двојно побрзо од глобалниот просек, неколку земји особено страдаат.

Во Италија 16 градови се во црвено на целата територија, а температурите би можеле да надминат 40 степени.

Loading...

Романија очекува до 39 во понеделник, а во Грција, каде што треба да почнат малку да паѓаат, атинскиот Акропол беше затворен за посетители во недела од 13 до 17 часот.

Во портокалова фаза до следниот вторник поради опасност од високи температури е и Македонија.

САД и Канада

Во САД, од Флорида на југоисток до Калифорнија на запад преку Тексас на југ, голем дел од југот на земјата повторно беше зафатен од топлотен бран во неделата.

Во познатата Долина на смртта, во Калифорнија, еден од најтоплите места на планетата, термометарот во саботата покажа 51 степен целзиусов во вечерните часови.

На југот на Калифорнија горат неколку многу жестоки пожари кои веќе уништија повеќе од 3.000 хектари и доведоа до евакуација на населението.

Според државната противпожарна служба, пожарите се само „10 отсто локализирани“, што предизвикува стравувања дека ситуацијата ќе се влоши.

Во Флорида, градот Мајами го издаде првото предупредување за „прекумерна топлина“ во својата историја.

„Подгответе се за големи горештини“, предупреди општината на Твитер.

Loading...

Други делови на САД се изложени на ризик од тешки временски услови, дожд и грмотевици, особено во Нова Англија.

Во поплавите загинаа четири лица во саботата во округот северно од Филаделфија, а три лица се уште се водат како исчезнати во неделата, соопштија властите.

Канада, исто така, беше опустошена од повеќе пожари оваа година отколку што се случило во таа земја.

Бури во Азија

Јапонија издаде предупредувања за топлотен удар за десетици милиони нејзини жители во 20 од нејзините 47 префектури во неделата, бидејќи речиси рекордните температури го погодија поголемиот дел од земјата.

Во Токио, каде температурата достигна 36 степени целзиусови, „самото одење е исцрпувачко“, вели Колин Грисон (24), турист од Франција.

„Се потиме без да правиме ништо“, изјави таа за АФП.

Земјата, исто така, се справува со поројните дождови во кои загинаа најмалку осум лица, вклучително и маж пронајден мртов во саботата во поплавен автомобил на северот.

Loading...

Во Јужна Кореја најмалку 37 лица загинаа во последните денови поради обилните дождови, а девет се водат како исчезнати.

Кинеската метеоролошка служба издаде неколку предупредувања, предвидувајќи температури кои би можеле да достигнат до 45 степени во полупустинскиот регион Ксинџијанг и 39 во јужниот регион Гуангкси.

Топлотните бранови се еден од најсмртоносните временски настани, потсети неодамна Светската метеоролошка организација.

Минатото лето високите температури предизвикаа повеќе од 60.000 смртни случаи само во Европа, според една неодамнешна студија.