Недела на балкански филмови во НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев”

Сподели со своите пријатели

Во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев”  – Куманово, во среда и четврток /28  и 29 октомври/  започнува ”Фестивал на тркала – Недела на балкански филмови” на кој според програмата ќе бидат прикажани филмови од балканското подрачје.

Loading...

Според програмата, во среда со почеток од 17 часот, ќе се одржи филмска работилница  на тема ”Преку кастинг до улога во филм” од предавачот Коста Дупчинов – фотограф, а потоа следат проекции на филмот ”Сникерс” од Бугарија со почеток во 18 часот и филмот ”Котловина” од Хрватска со почеток во 20 часот.

Во четврток со почеток во 11:30 часот започнува ”Детско матине”  со проекција на анимираниот филм за деца ”Витезот Расти”, додека во 18 часот, за гледачите ќе следи проекција на филмот ”Ксенија” од Грција и играниот филм ”Фемрат” од Албанија со почеток во 20 часот.

Влезот за сите проекции е слободен.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.