Недалава подгответе се за температури и над 40 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните и јужните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, додека максималните дневни вредности ќе бидат во интервал од 30 до 36 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со услови за дожд и грмежи во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне до 33 степени целзиусови.

Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури. Уште потопло се очекува да биде од четврток, кога поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла и сува воздушна маса, вдолж Повардарието и во Пелагонија температура ќе достигне до 40 степени. Не е исклучено во петок и сабота на места да го надмине и 40-тиот степен.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.