Небензја: САД и НАТО би сакале да ги заборават злосторствата во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Истрагата за злосторствата на САД и НАТО во Авганистан не беше спроведена поради очигледна уцена од Вашингтон, изјави рускиот постојан претставник во ОН Василиј Небензја.

Loading...

На вчерашната средба на Генералното собрание на ОН, тој истакна дека Западот би сакал „сите да заборават на неодговорните дејствија на американската и НАТО армиите, кои редовно извршуваат недискриминирачки воздушни напади врз обичните Авганистанци“, пренесе ТАСС.

„И да не зборуваме за ноќни рации и вонсудски убиства на цивили, вклучително и жени и деца“, нагласи Небензја.

Тој потсети и дека за тоа неодамна пишуваше Би-Би-Си.

„За жал, и покрај извештаите на различни независни невладини организации за страшните воени злосторства кои имаат за цел да се постигне правда за да се изведат виновниците пред лицето на правдата, истрагите не се спроведени“, рече постојаниот претставник на Русија во ОН.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок под уште една истрага од американските власти

Небензја изјави дека ваквиот цинизам не е ништо ново.

„Тоа е типичен став на САД и нивните сојузници кон воените злосторства што ги извршија на други кризни точки, вклучително Ирак, Сирија и Либија“, рече тој, додавајќи дека сите критики на САД за кршењето на човековите права изгледаат лицемерни.