Небензја: Неосновани се обвинувањата дека Русија добила оружје од Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Обвинувањата против Русија дека наводно добила оружје од други земји со што ги прекршила резолуциите на Советот за безбедност на ОН се неосновани, изјави денеска на седницата на Советот за безбедност на Русија постојаниот претставник во ОН Василиј Небензја.

Loading...

Претходно на таа седница, заменик-претставникот на САД во ОН, Роберт Вуд, ја обвини Русија дека добива оружје од Северна Кореја и има намера да добие дополнителни резерви што ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

„Обвинувањата за испораки на воени производи во Русија со прекршување на релевантните резолуции на Советот за безбедност се неосновани, за разлика од конкретните случаи на прекршување на постоечките договори од страна на западните земји“, рече Небензја, пренесе РИА Новости.

Специјализираните тела формирани за поддршка на комисијата на Советот за безбедност не откриле никакви факти кои би ги потврдиле денешните изјави на американскиот претставник, заклучува Небензја.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.