Не знаела дека е слепа се додека не изразила желба за возачка дозвола

Сподели со своите пријатели

Приказната на каролина кејси никого не остави рамнодушен. Оваа девојка од Ирска пораснала и не била свесна за својот хендикеп, се до еден важен ден во нејзиниот живот.

„Додека растев, не можев ниту да претпсотавам дека нешто не е во ред со мене. Носев очила и бев неспретна, но на училиште бев успешна како и секој просечен ученик. Не сонував дека всушност сум слепа. Тоа го дознав случајно кога наполнив 17 години. бев кај очен лекар и попат му споменав дека би сакала да полагам тест за возачка дозвола. Се изненади и веднаш ги праша моите родители зошто не ми ја кажале вистината – дека имам генетско пореметување кое предизвикува траен губиток на видот. Нема да можам да полагам за возачка, не таа година, никогаш.

Тоа беше пред скоро три децении. Можеби не положив, но не дозволив губитокот на видот да ме успорува. Изградив кариера како советник во менаџментот и сега живеам со сопругот и неговите деца. Последните 15 години работата ми е што повеќе да зборувам за луѓе со хендикеп. Едно видео во кое зборувам за тоа колку е важно луѓето со хендикеп да не се занемарат во бизинсот го гледале над милион луѓе, затоа што милијарда не има на планетата со некој хендикеп.

 

Loading...

 

Се испостави дека родителите знаеле за мојата состојба откако сум имала шест месеци, од дијагнозата. Ме следеле, но никогаш не ми кажале. Затоа луѓето често ме прашуваат дали сум лута на нив, но не сум. И никогаш не ја преиспитав нивнат аодлука. Се сеќавам само дека мајка ми плачеше додека ми признаваше. Изгледа дека беше скршена што не можела подолго да ме чува од реалноста. Но, никако не можев да ја прифатам таа новост. До тогаш 17 години сум живеела како нормално дете.

Да отсекоташ се снаоѓав како знаев, но дури со времето работите ми стануваа јасни. И натаму гледам само сенки и лица сосема одблизу, но од половина метар, дури и со очила се ми е матно. Сфатив потоа зошто ми е страв да влегувам во просторија полна луѓе – затоа што не можев да видам кои се тие, сфаќав зошто сум толку лоша во спортот и зошто би се загледувала во екранот додека гледав телевизија. Но, ми беше непријатно да се означам себе си како лице со хендикеп, па ниту на студиите, ниту на работа потоа, ниту со било кого имам разговарано за мојата состојба. Само со старите пријатели.

Се се пормени кога наполнив 28 години. Бев сопар во работат аи конечнос е решив да ја кажам вистината на сите. Шефот ја прифати мојта состојба и потоа се смени се. Потоа започнав во една невладина организација да ја подигнувам свеста за лицата со инвалидитет. И не престанувам. И натаму работам и не барам помош освен ако не морам, но најдов баланс помеѓу силата и ранливоста“.

Leave a Reply