Не скокајте поради аларм за време на секс

Сподели со своите пријатели

Во куќата на еден брачен пар во Хонг Конг се случила една навистина, на прв поглед смешна, но помалку застрашувачка несреќа, кога жена во текот на сексот со својот сопруг, одеднаш скокнала обидувајќи се да го исклучи алармот на својот мобилен телефон и притоа му го скршила пенисот.

Loading...

Како што пренесуваат странските медиуми, жената го наместила алармот во полноќ за да ја потсети да обави онлајн купување во најголемиот кинески трговски центар, бидејќи утредента била Ноќта на вештерките, па се плашела дека нема да има на располагање нешто што ќе и се допадне.

Бидејќи во тој момент имала секс, жената се обидела од таа положба да го дофати мобилниот и да го исклучи алармот. Тоа мажот го заболело, но мислел дека не е ништо страшно.

Меѓутоа, утредента се запрепастил кога го погледнал својот пенис кој бил виолетов. Започнал да се жали, па жената го одвела во болница. Итно бил опериран, а лекарите соопштиле дека нема да има страшни последици.

На крајот се завршило добро, но секако внимавајте како го правите тоа со вашиот партнер.