Не излегувањето од дома неколку дена е погубно за психата

Сподели со своите пријатели

Во овој период, желбата за повлекување во домот е сосема нормална, меѓутоа, последиците од ваквиот начин на живот врз физичкото и менталното здравје не се воопшто наивни.

Loading...

Откако панемијата на коронавирусот го зазеде светот, животот на повеќето луѓе драстично се промени. Новата „нормала“ доведе до фактот дека сите оние чии работни места не бараат физичко присуство, работат од дома скоро една година.

 

 

Поради тоа, но и поради стравот од инфекција, генерално, сите почнавме да поминуваме многу време во нашите четири sида, што воопшто не е добро и може да остави последици врз психата.

Психолозите објасниле што може да ви се случи ако со денови не гледате „ниту сонце ниту месечина“.

 

Loading...

 

Хибернација

Како прво, навистина е нормално во моментов да не сакаме да излегуваме. Во овој период од годината, ние обично скоро одиме во хибернација, па разумно е да се повлечеме во затворен простор.

Значи, природно, напуштањето на куќата можеби не е првото нешто што сакате да го направите, но иако можеби ќе сакате да останете внатре до летото, полнењето на батериите на свеж воздух е сепак најдоброто нешто што можете да го направите за себе.

 

 

Loading...

Свеж воздух за тело и душа

Проблемите со менталното здравје главно произлегуваат од неисполнување на нашите основни потреби на еден или друг начин.

Ако престојуваме премногу долго во куќата, тоа значи дека немаме пристап до некои работи што ни се потребни. Но, не само вашиот ум може да има корист од свеж воздух.

Вежбањето е од клучно значење и за психичката и за физичката благосостојба, бидејќи ни помага да се ослободиме од насобраните тензии и нервози, а исто така ослободува ендорфин и нѐ прави поспособни да одговориме на инфекцијата.

Значи, дружењето со најблиските и прошетка на далечина може да има мноштво придобивки за вашето здравје.

 

 

Loading...

Стапицата во која паѓаат луѓето

За жал, опуштеното дружење како што го знаевме веќе не е дозволено. Сепак, контактот лице в лице е навистина важно за благосостојбата на секоја личност.

Ние сме социјални суштества, така што навистина ни треба тоа. Но, она што е клучно е дека разговорот со луѓето ви дава нова перспектива. Колку подолго ќе поминувате дома, толку подолго ќе мора да се фокусирате на вашите мисли и грижи.

 

 

Loading...

Тоа е стапица во која луѓето паѓаат, затоа што без поинаква перспектива можеме да се чувствуваме лошо, и колку полошо се чувствуваме, толку е помала веројатноста да правиме работи што нѐ прават да се чувствуваме добро, а потоа веројатно ќе поминеме уште повеќе време сами и ќе се фокусираме на уште повеќе негативни мисли.

Leave a Reply