Не ги фрлајте искористените вреќички од чај, еве за што можете да ги искористите

Сподели со своите пријатели

Секој знае дека кесичките со чај исто како парчиња краставица се ставаат под очите за да се намали отокот, но дали сте знаеле дека можете да ги користите за чистење или олеснување на изгореници? Еве зошто не треба да ги фрлате искористените вреќички  со чај и за што повторно можете да ги користите.

Loading...

Заштитете ги вашите омилени садови од ‘рѓа

Танините се антиоксиданси кои најчесто се наоѓаат во црниот чај, а исто така се одлични за борба против ‘рѓа на садовите: откако ќе ги измиете садовите, едноставно премачкајте ги со искористена вреќа црн чај и ќе го осигурате неговиот подолг живот.

Отстранете ги непријатните мириси од фрижидерот

Ставете отворен сад со користени кесички чај во фрижидер за да ги отстраните непријатните мириси.

 

 

Loading...

Отстранете ги мрсните дамки од садовите

Ставете неколку користени кесички чај во топла вода и натопете ги во нив масните садови, околу пет до десет минути, и ќе се ослободите од мрсни дамки.

Смирете ја кожата после убод или изгореница

Танините присутни во чајот имаат моќ да ја регенерираат кожата и да ги ублажат реакциите на површината на кожата по убод од разни инсекти и изгореници од сонце. Едноставно притиснете ги вреќите врз кожата и оставете неколку минути.

Отстранете ги мирисите на храната од кожата

Некои намирници, како лук и кромид или риба, оставаат непријатен мирис на прстите, што е тешко да се измие, но може да се отстрани со триење на кожата со користени вреќи за чај.

 

Loading...

 

Подобрете го вкусот на маринадата

Додадете користена вреќа за чај во виното за маринада од живина или црвено месо, советува Вечерњи лист.