Не е запрен изборниот процес во Лојане, велат од ОИК Липково

Сподели со своите пријатели

Пишувањата на дел од медиумите дека е прекинат гласачкиот процес на местото 1129 во село Лојане, Општина Липково не се точни, вели претседателот на тамошната Општинска изборна комисија Лирим Јашари.

Loading...

Станува збор за технички проблем во печатениот материјал со грешки во сериските броеви. Гласањето не е прекинато и информациите на дел од порталите се лажни, вели Јашари.

Инаку дел од порталите објавија дека било забележно дека недостасуваат многу гласачки ливчиња, кои некој наводно ги отстранил, по што била побарана полициска помош и гласањето било прекинато. Сепак од ОИК Липково велат дека тоа не е точно.

Никола Ивановски

Leave a Reply