Доцната вечера дефинитивно не е паметен избор ако сакате да изгубите вишок килограми. Покрај тоа, јадењето доцна во ноќта го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2 со зголемување на нивото на шеќер во крвта, покажа новата студија.
Научниците ги споредија ефектите што вечерата околу 18 часот и 22 часот ги има врз истата група луѓе.
Како да го забрзате метаболизмот без оглед на годините?
Некои претходни студии докажаа дека јадењето доцна во ноќта има врска со дебелината и метаболичкиот синдром (збир на состојби како што се висок крвен притисок, висок шеќер во крвта, маснотии во пределот на половината, висок холестерол…).
Коавтор на студијата, д-р Џонатан Јан од универзитетот Џон Хопкинс, вели дека „оваа студија го покажа во ново светло ефектот на доцната вечера врз влошување на толеранцијата на глукоза и намалување на количината на маснотии што се согоруваат“.
Тој посочува дека влијанието на доцниот оброк варира од личност до личност, но зависи и од тоа кога обично одите во кревет.
Нема да поверувате колку е корисен чајот од цимет!
„Студијата покажува дека некои луѓе се поподложни на ефектите од доцна вечера од другите. Откривме дека ако некое лице постојано јаде доцна во ноќта, тоа може да резултира со дијабетес или дебелина”, објасни д-р Јан.
Научниците откриле дека учесниците во студијата имаат поголем шеќер во крвта и дека согорувале помалку маснотии кога вечерале околу 22 часот, отколку кога јаделе иста количина храна во претходниот период.
„Нивото на гликоза после доцна вечера е повисоко за 18 проценти, а количината на маснотии што се согорува во текот на ноќта е околу десет проценти пониско“, вели коавторот на студијата.
Пијте вода на празен желудник и бидете здрави
Учесниците во студијата оделе во кревет околу 23 часот, а научниците велат дека се потребни повеќе истражувања за да се утврди дали ефектите од доцната вечера се исти без оглед на тоа кога некое лице оди во кревет.