НЕ Е САМО БОЈЛЕРОТ: И овие домашни апарати може да ве убијат!

Сподели со своите пријатели

Исправноста на бојлерите и инсталациите се работа која секој домаќин од време на време треба да ја проверува, но за жал, не е бојлерот единствениот од кој во сопствениот дом можеме да настрадаме.

Освен бојлерот, опасност демне и од мобилните и бежични телефони, компјутери, музички линии, телевизори, микробранови печи и фенот.

Кога станува збор за електричните апарати, единствен ефикасен начин да се заштитите е да ја исклучите струјата. Ова пред се се однесува на мобилните телефони, компјутери, wi-fi уреди и телевизори.

Кога излегувате од дома, би било добро бојлерот да го исклучите. Затоа што подобро е по враќањето малку да почекате да се стопли водата, отколку да дојде до експлозија кога вас ве нема.

Секако треба да се има на ум и дека исправен и правилно одржуван бојлер никогаш нема да експлодира затоа што во себе содржи три типа на заштита. Дури кога трите ќе откажат може да дојде до експлозија која може да биде и смртоносна за домашните.

Доколку вашиот бојел произведува чудни звуци, како зуење, шуштење, тоа би можело да биде знак дека нешто со него не е во ред. Во тој случај, најдобро е да го исклучите и да го повикате мајсторот. За време на капењето, секако исклучете го, колку и да верувате во неговата исправност.

Коа станува збор за микробрановит епечки, не се препорачува да бидете во нејзина непосредна близина додека е вклучена, затоа што електромагнетното поле, кое околу неа се формира е неколку милиони пати посилно од нашето природно електромагнетно поле. Модерните миктробранови печки пружаат поголема безбедност, но сепак треба да се биде внимателен. Доколку нешто ви е сомнително, исклучете ја.

Што се однесува до фенот, тука ситуацијата е нешто појасна, се што треба да знаете е да го држите подалеку од вода. Струјата во комбинација со вода може да доведе до моментална смрт поради застој на работата на срцето или отекување на мозокот. Доколку навреме забележите, т.е. при сушењето на косата почувствувате мирис на изгорено, подобро е фенот да го замените со нов уред.

При силна зима често сакаме да се достоплиме па вклучуваме и грејлка. Неа ниту во лудило не смеете да ја расипете, а опасно е ако заспиете додека е вклучена во струја. Значи, најбезбедно е пред да потонете во сон, да ја исклучите грејалката од струја, колку и да е студено во собата. Кварцните грејалки се можеби и најопасните.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.