НЕ Е ФОТОМОНТАЖА: Виолетово небо се надви над небото (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ноќното небо над Трелеборг, мало гратче на јужниот брег на Шведска, започнало да блеска зачудувачки пурпурно како што паѓала ноќта.

Loading...

Некои жители биле многу исплашени.

Виолетовата нијанса била предизвикана од новиот енергетски ефикасен систем за осветлување инсталиран на една од најголемите насади со домати во земјата, недалеку од градот и свети во виолетова боја.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M D SWE (@iskandinav_mansur)

Системот треба да ја продолжи сезоната на растење на зеленчук.

Жителите на Гислов и Трелеборг се пожалиле дека силните светла им пречат навечер, бидејќи од нив биле осветлени нивните домови.

Затоа, на 6 ноември операторите започнале да ги исклучуваат светлата помеѓу 17 и 23 часот.

Loading...

Невообичаена виолетова магла најчесто се забележува кога има ниски облаци на небото, кои потоа ги осветлуваат ламбите одоздола.

Сопствениците на плантажата издадоа соопштение за необичниот ноќен спектакл.

„Како прв чекор, решивме да ја затвориме целата постројка навечер. Иако ова ќе биде чекор назад за нас, ние не сакавме да ги лутиме жителите на кој било начин. Ние само сакавме да заштедиме електрична енергија и да произведеме повеќе зеленчук“.

Leave a Reply