НБА играч е новото засилување за КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Џош Селби е новото засилување на Кошаркарскиот клуб Куманово.

Дваесет и деветгодишниот Американец висок 183 сантиметри, има играно за повеќе клубови, меѓу кои и Мемфис Гризлис во НБА лигата, каде има одиграно 38 натпревари.

Loading...

Во Куманово доаѓа од Корејската кошаркарска лига и ќе игра на плејмејкерската позиција, а информацијата дека потпишал договор со клубот од Куманово ја потврдија и од Управата.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *