Навремено стартуваше изборниот процес во Куманово, Старо Нагоричане и Липково

Сподели со своите пријатели

На сите 167 избирачки места во Куманово точно во 7 часот утринава стартуваше изборниот процес за избор на шестиот претседател на Република Северна Македонија.

Loading...

Како што информираше Ѕвонимир Николовски, претседател на ОИК Куманово, право на глас денеска имаат 86.009 граѓани, односно вкупно 92.878 лица, покрај 104 лица кои вчера веќе гласаа како болни и изнемоштени лица, дополнително затвореници и иселениците во ДКП.

И во општината Старо Нагоричане, сите избирачки места се отворени навремено. Таму право на глас имаат 3.329 жители. Вчера правото на глас го оствариле шест болни и немоќни.

Во 7 часот, изборниот процес започна и на сите 30 избирачки места во Општина Липково, каде право на глас имаат 25.360 граѓани.

Leave a Reply