Навивачи на „Олимпијакос“ нападнале и ограбиле вработен на бензинска пумпа

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 11.10 часот на автопатотот Куманово – Скопје, на бензинска пумпа „Лукоил“, навивачи од „Олимпијакос“ од Република Грција, без повод и причина, физички го нападнале вработениот Ј.А. (35) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сторителите го удриле по главата и телото, го плукале, го влечеле и туркале во маркетот и одзеле разни артикли и извршиле оштетување на објектот. Во 15.00 часот во Полициска станица Куманово, поради основано сомнение за сторен прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ, приведени и задржани се Х.А. (26), П.Ф. (26) и Т.В. (29) од Република Грција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.