Навики што ја уништуваат среќата: Променете ги и видете како ви се подобрува ЖИВОТОТ!

Сподели со своите пријатели

Дали сонувате за подобар живот, но ги одложувате сите важни работи за утре? Значи, годините минуваат покрај вас, ништо не се менува, и вие сте секој ден се повеќе и повеќе незадоволни. Ако ви се чини дека нешто ве кочи, и давате сè од себе, можеби грешите во врска со ова. Психологот Аманда Кроуел објасни  кои навики стојат на патот на среќата и успехот.

Loading...

Запомнете дека сè е во ваши раце и дека сè е можно ако навистина го сакате тоа. Добрите навики и позитивното размислување се клучот за секој успех.

 

 

– Вистината со која многумина не сакаат да се соочат е дека тие се виновни за сопствениот неуспех. И не поради недостаток на талент или напор, туку поради ограничувањата што тие си ги поставиле на самите себе – објаснува Аманда. Овие 3 ментални блокади обично нè оддалечуваат од успехот:

1. Јас мислам дека можам да го направам ова

Докажано е дека визуелизацијата на успехот помага да се постигне успех – и обратно. Ако верувате дека не можете да го направите тоа, многу е поверојатно дека дури и нема да го постигнете тоа.

Loading...

Верувањето дека не можете да направите нешто често вклучува неточни претпоставки или ограничувачки сценарија што постојат само во вашата глава. Кроул го објаснува ова со постоењето на страв кај сите нас што не спречува да испробуваме нови работи. “Во суштина сè е можно, само кога ќе се осмелиме да се обидеме. Дозата на страв е сосема нормална”, вели таа.

2. Не сум доволно добар\ра за ова

– Кога ја започнав својата деловна активност како претприемач, се појавија ужасни сомнежи и бев убедена дека не можам да го постигнам тоа, но годините покажаа дека не сум била во право – рекла една од нејзините пациенти.

Аманда објаснува дека оваа бариера е многу лесно да се надмине. Вие само треба да разговарате со луѓе кои поминале низ слична ситуација. Сфатите дека секој се сомнева во себе, во поголема или помала мера кога тргна на патот кон успехот. Кога ќе сфатите дека не сте сами и дека другите имале слични ментални блокади, ќе ви биде полесно да се осмелите да продолжите понатаму.

 

 

3. Тоа се очекува од мене

Loading...

Работев со многу луѓе кои бркаа соништа на други луѓе, живееја туѓа приказна, обидувајќи се да ги постигнат работите што се очекуваа од нив, наспроти она што тие навистина го сакаат.

Решението е да бидете целосно искрени со самите себе и искрено да си признаете што навистина сакате. Вашиот живот е ваша работа, затоа правете го она што ви одговара, а не она што другите го очекуваат од вас и ве убедуваат дека треба да го сторите тоа.