Навики кои драстично можат да го ослабнат имунитетот

Сподели со своите пријатели

Во овој период, кога епидемијата на коронавирусот е во полн ек, силниот имунитет е приоритет.

Loading...

Дали знаевте дека одредени навики и одредени чувства можат да го нарушат имунитетот и да го направат организмот помалку отпорен на болести и вируси?

За да може телото да се брани, потребно е редовно да вежбате, да спиете доволно и да внесувате доволно витамини, велат лекарите.

Покрај тоа, би било препорачливо да ги искорените следниве навики и да работите на чувства:

  1. Долго седење

Отсуството на физичка активност нѐ прави помалку отпорни, но и подолго болни ако вирусот успее да нѐ нападне.

Студија објавена во британскиот „Журнал за спортска медицина“ покажа дека инфекциите на респираторниот тракт траат 42% подолго кај луѓето кои не вежбаат и имаат посилни симптоми од оние кои вежбале аеробни вежби пет пати неделно.

 

Loading...

 

  1. Склони сте на стрес

Не е лесно да останете имуни на стресни ситуации, но ако сакате добро здравје, мора да научите подобро да се справувате со тоа. Постојаната изложеност на стрес може да направи вистински хаос во организмот.

Студија објавена во списанието „Зборник на трудови на Националната академија на науките“ покажа дека луѓето кои имаат долг стрес имаат поголема веројатност да настинат.

 

 

  1. Осаменост

Петгодишно истражување покажа дека луѓето кои се чувствуваат осамено се подложни на вируси и настинки.

Осамените луѓе, покажа студијата, имаат поголемо ниво на хормон норадреналин. Овој хормон го стимулира телото да произведува бели крвни зрнца кои „се борат“ против повреди или оштетувања, но истовремено го забавува и делот на имунолошкиот систем кој се бори против вирусот.

Loading...

Кога се чувствувате осамено или тажно, јавете се на пријател или член на семејството.

Тоа е најдобриот начин да помогнете во зајакнување на имунитетниот систем. Поддршката на драги луѓе е исклучително важна во овој момент.

 

Leave a Reply