Навални основал синдикат во затвор, тој е единствениот член

Сподели со своите пријатели

Затворениот руски опозициски политичар и отворен критичар на Кремљ, Алексеј Навални, основал синдикат во затворот во кој моментално се наоѓа, јавува Радио Слободна Европа.

Loading...

Навални на Твитер напиша дека синдикатот се вика Промзона, што е официјално име за делови од казнените колонии во многу поранешни советски држави каде што се наоѓаат фабриките и погоните.

Како што објасни тој, синдикатот, чиј единствен член е тој, е основан поради експлоатација на околу 600.000 луѓе во руските затвори.

Тој додаде дека со задоволство би ги застапувал интересите на чуварите, доколку тие тоа го сакаат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Болниците во Франција на посебен распоред за работа поради големиот број заболени од грип

„Во суштина, ако животот ми даде лимон во форма на затворска казна, тогаш морам да го претворам во лимонада од барем некои активности корисни за општеството“, истакна Навални.

Според него, затворениците се загрижени за создавање синдикат, бидејќи се плашат од затворските чувари.

„Секогаш кога зборувам за тоа, моите колеги убијци тажно велат: „Алексеј, застани, те молам, поради тебе никогаш нема да не пуштат и сето тоа ќе заврши лошо“, рече Навални и објасни дека затоа неговиот синдикат има еден член.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...