Научник на чекор од решавањето на најголемата мистерија на стар Египет

Сподели со своите пријатели

Мистеријата на гробот на сопругата на еден од најпознатите владетели на древен Египет се на чекор од расвелтување.

Египтолозите во Долината на кралевите откриле гробница за која веруваат дека припаѓа на Анкесенамон, сопругата на Тутанкамон. Ако претпоставката се докаже како точна, тоа би можело да помогне во разоткривањето на судбината на сопругата на момчето крал, која изненадне исчезнала од историските записи по нејзиниот втор брак.

Во гробница во Египет пронајдена мумија стара 3.500 години (фото)

Loading...

Откриле гробница, но не знаат чија е

Се верува дека оваа девојка имала трагичен и краток живот за време на кој се омажила за својот татко, својот дедо, а потоа и за својот полубрат Тутанкамон. Археолозите започнале со ископување на подрачјето околу гробницата за која веруваат дека го содржи нејзиното тело.

Почетокот на ископувањето го објави познатиот египтолог и познатиот египетски министер за антиквитети и градина Захи Хавез. Тој открил наводна гробница во близина на гробницата на фараонот Аја во јули 2017. година.

Локацијата се наоѓа во Долината на мајмуните, во внатрешноста на подрачјето Долина на кралевите.

– Сигурни сме дека на тоа подрачје е сокриена гробницата, но се уште не знаеме кому припаѓа, рекол Хавез минатото лето по откривањето на гробницата.

Во Египет пронајден дел од статуа стар 4.000 години

Бракови во внатрешноста на кралската лоза

По изненадната смрт на Тутанкамон, кој владеел од 1332. до 1327. година пред новата ера, Анкесенамон се омажила за Аја, кој го наследил и владеел од 1327. до 1323. година пред новата ера.

Анкесенамон била трето дете на фараоните Енкатон и Нефертити, родена околу 1348. година пред новата ета. Некои записи наведуваат дека по смртта на Тутанкамон се премажила за својот дедо, а други дека претходно на кратко била и сопруга на својот татко.

Тутанкамон својата популарност не ја должи со делата која ги направил во животот, затоа што според тоа се смета за фараон од помала важност, туку по фактот дека неговата гробница е пронајдена скоро недопрена и досега останува најкомплетната гробница на египетски владетел некогаш пронајдена.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.