Научниците од Универзитетот во Њукасл дошле до шокантно откритие за време на истражувањето на долината Челенџер Дип во Маријанскоиот ров,позната како најдлабоката точка на Земјата.
Тимот прв пат пронашолпластика во стомакот на морските суштества на дното од океаните, што значи дека повеќе не постои дел од светскиот океан до кој не доспеал човечкиот отров.
Loading...
Секое суштество пронајдено на длабочина од 10.890 метри внеле во својот организам барем некој вид вештачки материјал, вклучувајќи најлон, ПВЦ или ПВА.
Др. Лана Џејмисон, професор по маринска екологија и водечки научник на истражувањето, рекол дека резултатите се прилично загрижувачки дека бараат итна акција.
Тимот тестирал 90 видови во неколку ултрадлабоки ровови во Пацификот – Маријанскиот ров, Изу-Бонин вулкански ров, ровот Перу-Чиле, ровот Нов Хебриди и ровот Кермадек.
НАУЧНИЦИТЕ ВО ШОК: Масовното изумирање ќе започне уште во овој век
Во секој од нив биле пронајдени суштества кои изеле некој вид вештачки влакна или пластика, од 50% на Нови Хербиди, до 100% во Маријанскиот ров.
– Сметот кој завршува во океаните доспева до нивните најдлабоки точки, а еднаш кога ќе потоне на дното, тука и останува. Тоа значи дека количината на пластика о рововите непрестано расте, што е многу загрижувачко. Се работи за проблем од глобални размери, рекол Џејмисон.
Во океаните секоја година завршуваат повеќе од осум милиони тони пластика. Научниците претпоставуваат дека во морињата моментално има околу 300 милиони тони пластичен отпад, а до 2050 година во океаните би можело да има повеќе пластика отколку риби.
Научниците тврдат дека светот ќе го истребат бактерии и колера
Според предвидувањата на експертите,в о водите има 51 билион (анг. трилион) микропластични честички, што е 500 патиповеќе од бројот на ѕвезди во нашата галаксија.
Поради загадувањето моментално се загрозени повеќе од 600 видови ширум светот, поради што многумина оваа појава ја нарекуваат период на шесто масовно поморство на Земјата.