Ако сакате црн хумор и се смеете на морбидни шеги додека другите ве гледаат чудно, вие сте поинтелигентни од останатите, велат научниците.
Имено, една студија на Медицинскиот универзитет во Виена испитала 156 возрасни кои сакаат црн хумор, односно луѓе кои се смеат на мрачни теми како што се болест, смрт, хендикеп или војна, пишува Биг мис.
ПОДОБРЕТЕ ЈА РАБОТАТА НА МОЗОКОТ: 7 хобија кои ве прават поинтелигентни
Научниците им прикажале 12 цртани филмови од популарниот германски хуморист Ули Штајн на кои доминираа смрт (50 проценти), болест (17 проценти), физичка попреченост (25 проценти), третман (8 проценти) и од нив било побарано да го оценат следново:
– Тежина – колку беше тешко да се разбере тој хумор и да се разбере поентата
Интелигентните луѓе живеат подолго
– Вулгарност – колку шегата е вулгарна и невкусна
– Изненадување – Колку беа изненадени од поентата на шегата, колку беше неочекувано
– Новина – Колку е нова и непозната шегата
– Интерес – Колку е интересна темата
Луѓето што имаат потешкотии со будењето се поинтелигентни
– Склоност – Колку тие генерално сакаат било каков хумор
Испитаниците биле оценувани за вербална и невербална интелигенција, нарушувања на расположението и агресивност и се покажало дека оние кои најмногу уживале во цртаните биле најинтелигентни, најобразовани, најмалку проблематични и најмалку агресивни меѓу испитаниците.
Од друга страна, просечните луѓе со средно ниво на интелигенција ретко уживаат во „црн хумор“, тврдат австриските научници.