Научниците создадоа стакло што ништо не го пробива (фото)

Сподели со своите пријатели

Научниците од Универзтитот во Токио произвеле нов тип на стакло за кое велат дека е скоро како челик. Производителите на смартфони и таблети веќе се распрашуваат како да го искористат за следните производи.

Loading...

Сепак, научниците напоменуваат дека една работа е да се направи ултрасилно стакло во лабалаторија, а нешто целосно различно да го направите достапно за комерцијална употреба.

Ќе се потрудиме што побргу да најдеме начин масовно да го произведуваме овој нов материјал. Се надеваме дека тоа ќе ни тргне од рака во наредните пет години – вели професорот Ацунобу Масуно.

Специјалната состојка на изджливото стакло е алуминиум оксид, кој инаку се користи за производство на пластика. Со мешањето на оваа стостојка со силикон диоксиед, настанува многу тврдо стакло, а интересно е што синтетизацијата на хемиските елементри се врши во воздух со техника на аеродинамичка левитизација.

Претходниот обид на додавање алуминиум оксид во стакло биле безуспешни, затоа што сировата мешавина пребргу кристализирала во допир со било какви предмети. Тој проблем е надминат со мешање на елементите во воздух.

Уште една добра страна е што новите видови на стакло иако е навистина силно, не е дебело. Тоа е посебно значајно кога станува збор за работи кои ги носиме во џеб, како што се телефоните со екран на допир.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.