Научниците сметаат дека сите со сини очи имаат исти предци и дека се роднини

Сподели со своите пријатели

Се проценува дека измеѓу 20 и 40 проценти од Европјаните имаат сини очи, но точната причина за оваа боја на очите не е позната.

Loading...

Научнциите веруваат дека се работи за генетска мутација и дека генот преживеал затоа што луѓето со таа боја на очите се сметани за физички попривлечни, па имале повеќе можност да се размножат.

Бојата на очите ја одредува количина на пифментот во окото. Многу пигмент значи кафеави очи, малку – зелени, а малку или воопшто пигмент – сини очи.

Дури 16 гени одредуваат боја на очи, но два се главни, а тоа се „HERC2“ и „OCA2“, со тоа што „HERC2“ служи како прекинувач кој го активира „ OCA2“, а тој подоцна активира протеини кои произведуваат пигменти.

Доколу еден од овие два гени мутира и престане да ја врши својата функција доаѓа до прекин на ланецот на реакции и протеините не произведуваат пигменти, а резултато на тоа се сините очи.

Секој има по два од секој вид на ген во своето тело, по едно од мајката и едно од таткото. Доколку еден родител има мутиран „OCA2“ ген, а другиот сите нормални и детето ќе има кафеави очи.

Доколку двата родители имаат мутиарни „ OCA2“ постои можност од 25% детето да има сини очи. Теоретски, скриените мутирани „ OCA2“ можат да се пренесуваат низ семејството со генерации, а никој да нема сини очи.

Истражувањето спроведено на универзитет во Копенхгаген проучувало ДНК од личности со сини очи при што е откриено дека 99,9% од нив имаат мутација во „ OCA2“ генот. Поради тоа научниците веруваат дека синооките потекнуваат од еден заеднички предок, што значи дека всушност сите тие се роднини.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.