Научниците пронајдоа 11 видови риби кои би можеле да почнат да одат на копното

Сподели со своите пријатели

Иако за многумина идејата риба што шета звучи комично, ваквите хибридни суштества одиграле клучна улога во еволуцијата на животинското царство на Земјата.

Loading...

Сега, новото истражување покажа дека многу повеќе видови риби можат да развијат способност да одат на копно.

Според најновата студија, најмалку 11 видови риби би можеле да ја развијат оваа способност, а меѓу нив има и азиски вид за кој веќе се знае дека може да оди до одреден степен, односно да знае како да се искачува по карпи (Cryptotora thamicola).

Експертите сфатиле дека клучен фактор во развојот на способноста за одење кај рибите е нивниот карличен појас, или врската помеѓу ‘рбетот и абдоминалната перка. Тие ја проучувале коскената структура на 29 различни видови од редот на крап и идентификувале три различни типа на карлични форми. Тие сфатиле дека 10 други видови ја делат истата коскена структура како Cryptotora thamicola.

Посебна врска помеѓу абдоминалната перка и ‘рбетот

„Рибите обично немаат врска помеѓу ‘рбетот и абдоминалната перка“, рече биологот Захари Рандал од музејот за природна историја во Флорида.

„Порано мислевме дека Cryptotora thamicola е целосно уникатна. Сега сфативме дека во Балиторида, семејство на крапски риби, со поцврст карличен појас се почести отколку што мислевме”, додаде тој.

Cryptotora thamicola користи зголемени ребра и мускули за да се движат на начин на превиткување, пишува Science Alert.

Loading...

Експертите веруваат дека таа ја развила оваа способност кога се движела низ брзите потоци што течат низ пештерите за да достигне делови од потоци богати со кислород, кои не биле достапни за другите риби.

Комбинирајќи ДНК анализа и компјутеризирана томографија (КТ), тие нашле докази дека оваа способност е генетски пренесена и дека овие риби ја споделуваат со другите членови на семејството Balitoridae, и се чини дека оваа способност не доаѓа од еден извор.

„Сега имаме подобро разбирање за еден исклучително необичен настан во еволутивна смисла – способноста на рибите да одат на копно“, рече биологот Лоренс Пејџ од Музејот на природна историја на Флорида.

Студијата наречена Skeletal and muscular pelvic morphology of hillstream loaches (Cypriniformes: Balitoridae) е објавена во Journal of Morphology.

Leave a Reply