Научниците објаснуваат – еве што се случува момент пред смртта (видео)

Сподели со своите пријатели

Нема човек кој барем еднаш не се запрашал какво е чувството и што точно се случува во главата на луѓето додека умираат. Сега благодарејќи на хемичарите знаеме точно што ќе почувствуваме – но и зошто некои луѓе гледаат светлина кога ќе доживеат клиничка смрт.

Loading...

Доколку сакате хорор филмови, тогаш знаете за онаа чувство на страв кое го имате додека гледате како убиецот, носејќи секира во рака ја брка својата жртва. Судејќи според научниците од Американското здружение на хемичари, кога и самите би се нашле во таква ситуација, вашиот мозок би реагирал скоро исто.

Оваа здружение направило видео во кое до детали е објаснето како точно би се чувствувале кога на пример би не бркал убиец со секира.

Се започнува со страв, кој има своја цел – да ве подготви да реагирате кога сте во опасност. Ова влијае на дел од мозокот кој се нарекува таламус, а кој е многу чувствителен на стрес. Со понатамошната хемиска реакција во мозокот доаѓаме до состојба „бори се или трчај“ за што можеме да се заблагодариме на хипоталамусот.

Како вашето тело би било подготвено за акзија, хипоталамусот ја поттикнува надбубрежната жлезда да лачи адреналин, а адреналинот потоа оди до желудникот и го потикнува лачењето шеќер во крв. Се на се, ова на вашиот организам му дава сила каква не сте ни сонувале дека ќе имате.

540933_beyond-602060-1280_f

Сепак, ако сета таас ила не ви е доволна да избегате од убиецот со секира, вашата следна реакција е врескањето. Баш како во сите хорор филмови и во реалноста врексањето е неизбежно кога се наоѓаме во така опасна ситуација. Интересно е тоа што луѓето не ги запазуваат врескањата со истиот дел од мозокот како и говорот. Кога ќе слушнете како некој вреска, тоа од вашите уши директно оди до делот од мозокот кој се нарекува амигдула.

Како оној кој вреска на накој начин да сака со вас да сподели дел од ужасната состојба во нивниот мозок – се наведува во видеото.

Сепак ни вресокот не е доволен. Убиецот пристигнал до вас и следната работа која ќе ја чувствувате ќе биде болката. Доколку како деца сте читале „1000 зошто, 1000 затоа“, тогаш знаете дека болката не е исто што и допирот, па така сосема му е различна и намената. Болката на вашиот мозок испраќа порака дека тоа што се случило не треба повторно да се случи. Во превод, се случило нешто лошо.

Loading...

И ете се случи. Секирата ви завршила во вратот. Што следно?

Првин настапува клиничка смрт – срцето престанува да работи и престанувате да дишете. Во овој момент мозокот и понатаму арботи и тогаш настанува вистинската магија. Имено, неодамнешно истражување покажало дека мозокот во овој период влегува во хиперсостојба на перцептуална невроактивност. Преведено на македонски – работи како лудо, па баш затоа некои луѓе кои преживеале клиничка смрт потоа опишуваат дека виделе светлина или некои други работи, додаваат научниците.

Меѓутоа, доколку во околните места нема итна помош да ве врати во живот, мозокот престанува да работи и доаѓа до биолошка смрт.

Значи, доколку видите светлина, а никој не ви помага тоа е јасен знак дека е време светлото да се изгаси засекогаш.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.