Научниците на прагот на излекувањето на ракот на јајници

Loading...
Сподели со своите пријатели

Британските научници пронашле лек кој би можел да им помогне на жените заболени од рак на јајници, пренесува ВВС. 

Лекот познат под називот ONX-0801 има скоро моментално дејство, но се уште е во фаза на испитување за да се утврди дали е безбеден за луѓето.

Загадувањето е главниот предизвикувач на ракот на белите дробови, дојката и простатата

ONX-0801 ги имитира способностите на фолна киселина да се врзат за ракот и не го допира здравото ткиво, со што се намалуваат пропратните ефекти од хемотерапијата, како што се инфекции, дијареја, оштетени нерви и губиток на коса.

Резултатот кој го видовме во оваа студија е многу ветувачки – изјавил др. Удаи Бенери кој ја водел студијата.

Лекот покажал позитивни резултати кај седум од 15 тестирани жени.

Немав друг избор, се чувствував како ова да е едиснтвената опција за мене  изјавила Меријех Хит, една од пациентките која добила рак.

Рецепт за лек против рак кој го споделуваат илјадници луѓе (видео)

Нејзиното лекување треаело повеќе од шест месеци. Лекот ги намалил сите три тумори, а исчезнале и болките кои ги имала. Еден тумор во грбот, повторно започнал да расте откако го прекинала лекувањето во јануари, но останатите два се под контрола.

Резултатите од студијата биле претставени на годишниот состанот на Американското здружение за клиничка онкологија во Чикаго.