Научниците потврдија дека необичен фосил со овална форма кој го пронашле пред неколку години, всушност е најстариот познат животински фосил. Тоа откритие е вистински „свет грал“ во палеонтологијата.
Имено, со децении меѓу научниците се води дебата за потеклото на Дикинсонија, која на Земјата живеела пред 558 милиони години, во времето на Едиакаран.
Се смета дека фосилите од тој период се први големи, јајцевидни, но толку различни од било што живо денес, поради што нивното точно потекло останало мистерија до ден денес.
Докази за еволуцијата на видовите што можете да ги најдете на вашето тело (видео)
Loading...
Претходно се сметало дека Дикинсонија можеби била габа или голема амеба. Меѓутоа, новите истражувања на руските научници го откриле нејзиното вистинско потекло и ја означило како едно од првите животни.
Фосилот бил толку сочуван што кога научниците го дупчеле, во него пронашле траги на холестерол, вид на масти кои јасно го покажуваат животинското потекло.
– Молекулот на фосилните масти кои ги пронајдовме покажуваат дека животните биле големи и богати пред 558 милиони години. Милиони години порано од што се мислело, рекол професор Џокен Брокс од австралискиот Национален универзитет.
This weird ribbed oval, known as Dickinsonia, is the oldest known animal. Scientists confirmed its identity by *checks notes* looking at 558-MILLION-YEAR-OLD molecules preserved in its fossils. https://t.co/Vh2pHEkDkM
— Ed Yong is not here (@edyong209) September 20, 2018
Досега во палеонтологијата важело дека големите животни започнале да доминираат на Земјата во камбриумот пред околу 541 милиони години.
Тогаш, имено, се појавуваат суштества кои научниците ги препознале како црви. Новото откритие, меѓутоа, сугерире дека им претходел бран животни кои изгледале како Дикинсонија.
Освен високото ниво на холестерол во овој фосил, научниците пронашле дека му недостасуваат хемиски маркери за кои се знае дека се поврзани со габите.
– Научниците повеќе од 75 милиони години водат битка околу Дикинсонија и други бизарни фосили од едикаран, рекол професорот Брокс, кој не можел да верува во резултатите кои прв пат му ги претставил студент на докторски студии Илија Бобровски.
– Фосилната маст сега потврдува дека Дикинсонија е најстар познат животински фосил и со тоа ја решивме мистеријата стара една деценија, која секако е „свет грал“ за палеонтологијата, рекол тој.
Примерокот е ископан во близина на Белото море, кое се наоѓа на крајнито северозападен европски дел на Русија.