Научниците до големо откритие – маларијата го убива ракот

Сподели со своите пријатели

Со спроведување на тестот на глувци, научниците успеале да докажат дека комбинацијата од протеини од маларија и токсин ги убиваат клетките на карциномот.

Loading...

Данските истражувачи барале начин да ги заштитат трудниците од маларија, која може да предизвика огромни проблеми затоа што ја напаѓа плацентата. Но, во исто време откриле дека протеини, наоружани од маларијата можат да ги нападнат клетките на ракот и оваа откритие би можело да биде од големо значење.

Научниците искомбинирале дел од протеинот кој вакцината против малатија го користи за да ги пенетрира клетките, со токсин кој би можел да биде испуштен додека овој коктел продира во клетките на ракот. Тие сфатиле дека во двата случаи протеинот од маларија се врзува за ист јагленохидрат. Нивните сличности можат да бидат пат кон откривање на лекот.

Јагленохидратите обезбедуваат плацентата да се развива побргу, но исто така дека има иста функција и кај туморот. И празит од маларијата се врзува за клетките од ракот на ист начин, што значи дека може да ги уништи. Тие изјавиле дека многу долку време веќе сакале да го искористат начинот на кој протеинот влијае врз плацентата и туморот.

naucnici-rak-jetre-shutterstock-1412025805-576867

Четири децении, научниците барале сличност измеѓу растот на плацентата и туморот. Плацентата е орган кој за само неколку месеци нарасте од само неколку клетки во орган кој има тежина од еден килограм и кој го снабдува ембрионот со кислород и храна во релативно туѓо опкружување. На некој начин, клетките од туморот работат на ист принцип, растат агресивно во исто така туѓо опкружување – вели Али Саланти од Универзитетот во Копенхаген.

Овој процес моментално се тестира на глувци, а научниците се надеваат дека тестирањето врз луѓето ќе може да започне за четири години.

Најголемите прашања се дали овој принцип ќе биде применуван на човековото тело и дали тоа може да ја толерира дозата која е потребна, а да не се појават негативни последици. Но, ние сме оптимисти поради протеинот кој се врзува само за јагленохидратите кои се наоѓаат во плацентата и во клетките на ракот – додава Саланти.

 

Loading...

test-krv-rak-kancer-shutterstock-1406646436-542745

 

Во тестирањето на глувците се вбризгуваат три различни видови на човекови клетки од ракот. Инекцијата која го намалува туморот на Неходгкиновиот лимфом за четвртина, се отстранила во целост од ракот на простата кај два од вкупно шест глувци и одржала во живот пет од шестте глувци кај кои ракот метастазирал на коските во споредба со контролната група во која сите угинале.

Го одвоивме протеинот од маларијата, кој се врзува за јагленохидратите и тогаш доддовме токсин – вели Мадс Догард, истражувачј на Универзитетот во Канада и еден од научниците кој работел на истражувањето.

Тој додава дека со тестовите врз глувците успеале да докажат дека оваа комбинација од протеини и токсини ги убива клетките на ракот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.