Научниците бараат бункер на Месечината: Во случај на апокалипса тоа ќе биде спасот!

Сподели со своите пријатели

Група научници, инспирирани од стариот завет за Ноевата арка, предложија мега проект „глобална полиса за осигурување“ на Месечината!

Loading...

Предлогот е да се испраќаат милиони примероци на сперматозоиди и јајца на Месечината, сè во случај да се случи катастрофа со библиски размери на Земјата.

Така, по „бункерот за судбоносниот ден“, во кој се чуваат семиња на растенијата од целата планета, човештвото наскоро би можело да добие уште еден свод во кој може да складира – човечки семиња.

 

 

Група машински инженери предложија формирање складиште на репродуктивни клетки – сперматозоиди и јајца од 6,7 милиони видови на Земјата, вклучително и луѓе. Предложената банка, или „арка“, ќе биде под површината на Месечината.

„Земјата е природно нестабилна средина“, рече авторот на студијата Jекан Танга, чиј тим на Универзитетот во Аризона го достави својот извештај „Јами на Месечината и цевки од лава за модерна арка “, на годишниот Институт за инженери за електротехника и електроника (IEEE) минатата сабота.

Loading...

Поради нестабилноста на планетата, рече тој, складиштето засновано на Земјата ќе ги остави примероците ранливи. Како резултат на тоа, Танга предложи лансирање на планетарен егзодус на видови со воспоставување банка на човечко семе на Месечината што е можно поскоро.

Имено, репродуктивните клетки би биле складирани таму во неодамна откриените лунарни „јами“ од кои научниците веруваат дека лавата некогаш течела пред неколку милијарди години.

Таканаречената „арка“, според презентацијата на Танга, тогаш криогено би зачувала разни видови во случај на глобална катастрофа.

„Сè уште можеме да ги спасиме сè додека технологијата не напредне за повторно воведување на овие видови – со други зборови, да ги зачуваме за уште еден ден“, рече тој.

 

 

Кратерите или јамите се исто така совршена големина за складирање. Тие се длабоки од 80 до 100 метри и обезбедуваат засолниште од настани на површината на Месечината, која претрпува големи температурни промени и е изложена на метеори и силно зрачење.

Loading...

Танга исто така рече дека многу растенија и животни се сериозно загрозени, наведувајќи ја ерупцијата на индонезиската планина Тоба пред 75.000 години како причина за загриженост, велејќи дека тоа предизвикало ладен период од 1.000 години и дека според некои, се совпаѓа со проценет пад на различноста кај луѓето.

Во тој пример, тој видел паралела на модерната ера како резултат на човечката активност и други фактори кои не ги разбираме целосно, рече тој, додавајќи дека веќе имало брзи загуби во последните неколку децении.

Концептот на „арката“ веќе се користи во „бункерот за судбоносниот ден“ на островот Свитберген во Свалбард, каде што се чуваат семиња на растенијата.

Засилената структура гарантира дека ова место може да „преживее“ од нуклеарна војна. Патем, во него се сместени повеќе од 992.000 уникатни примероци, од кои секоја содржи во просек по 500 семиња.

Танга додаде дека ќе бидат потребни 250 лансирања за транспорт на 50 примероци од секој од 6,7 милиони видови. За споредба, за изградбата на Меѓународната вселенска станица, која е во ниска орбита на Земјата, биле потребни 40 лансирања.

 

https://youtu.be/Pdu5Lx8qQJY

Leave a Reply