Научници пронајдоа сочувано тело на волк старо 56.000 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Замрзната, ослабена волчица пронајдена во северна Канада е стара најмалку 56 000 години, соопштија канадски научници.

Loading...

Скриена во вечниот мраз од десетици илјади години, женско младенче од волк било откриено од копач на злато во близина на градот Досон во државата Јукон во 2016 година.

Оттогаш, Канаѓаните го нарекуваа Жур, што значи волк, на јазикот на локалниот народ Трондек Хвеших, пренесува Би-Би-Си.

Научниците велат дека младенчето, чија коса и заби останале недопрени, е најкомплетната позната мумија од волк.

„Волкот е практично стопроцентен недопрен, единствено што недостасуваат неговите очи“, изјави таа за „ЕурекАлерт“! научна страница на Професор Џули Митчин, палеонтолог и професор по анатомија на Универзитетот во Ајова.

 

https://youtu.be/kdgPJlJWgCo

 

Loading...

Користејќи разни технологии, тимот успеал да открие бројни аспекти од животот на младенчето, почнувајќи од неговата возраст и веројатна причина за смртта.

Наодите, објавени во „Журнал за денешната биологија“ во понеделникот, покажуваат дека младенчето и нејзината мајка јаделе риба, претежно лосос.

Со ДНК анализа и испитување на слоевите на нејзините заби, научниците откриле дека таа најверојатно живеела пред 56.000 и 57.000 години.

Х-зраците, во меѓувреме, откриле дека младенчето било старо помеѓу шест и осум недели кога починало.

Студијата покажа дека откритието на фосили на волци често се наоѓа на Јукон и блиската Алјаска, но речиси недопрени остатоци од поголеми цицачи се ретки.

„Веруваме дека младенчето било во дувлото и умрело во моментот кога дупката се срушила“, рече професорот Мичен.

 

Loading...

Leave a Reply