Најновото истражување покажа дека хируршката маска најмалку смета во препознавањето на говорот, односно преку неа најдобро се слуша гласот.
Ова го изјави истражувачот на Одделот за невролошка хирургија на Медицинскиот факултет Фајнберг од Чикаго, Џавад Фарес, пренесува Си-Ен-Ен.
Истражувањето е направено откако е забележано дека луѓето кои носат маски се помалку разбрани, односно нивниот говор е потешко разбирлив, а резултатите се добиени со испитување на четири типа маски – две платнени, хируршки и N 95. Двојните маски не биле земени предвид .
Еден од авторите на студијата, Џозеф Тоскани, професор по психологија и наука за мозок на Универзитетот во Пенсилванија, рекол дека претходната студија за тоа како различните маски влијаат врз говорот служела како инспирација за истражувањето.
Посебен проблем е што маските им оневозможуваат на луѓето со оштетен слух да комуницираат, кои читаат од нивните усни.
Инаку, Центрите за контрола и превенција на болести им предлагаат на наставниците и негувателите да носат прозирни маски или платнени маски со прозирна пластична плоча кога комуницираат со мали деца кои учат да читаат, студенти кои учат нови јазици или лица со оштетен слух, а неодамнешната студија покажа дека постои и опција со хируршки маски, бидејќи се покажало дека разбирливоста е подобра.
Исто така, хируршките маски треба да им се препорачаат на сите кои имаат проблем со комуникација со членовите на семејството.
Експертите предупредуваат и дека што и да правиме, не треба да ја тргаме маската.
„Нашата студија сугерира дека загриженоста за вербалната комуникација не е сама по себе неопходна причина да не се носи маска во секојдневни ситуации“, рече Тоскана.